Денеска со куси обраќања на австрискиот амбасадор Мартин Памер, заменик- градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски и директорот на КИЦ Антонио Димитров, беше одбележана промоцијата на Годината за човекови права 2023 година, како дел од 30-годишнината од Виенската светска конференција за човекови права (Виена+30).

По тој повод во градот Скопје и на 20 локации низ цела Виена, беа поставени брендираните парчиња од мебелот за седење Enzi за јавни површини. Enzi е дел од мебелот во дворот во Музејот Квартиер (MuseumsQuartier) во Виена од 2002 година, таканаречен мебел за јавни површини. Овој мебел е дизајниран од архитектите Ана Попелка и Георг Подушка. Името се однесува на Daniela Enzi, која беше прокурист на MuseumsQuartier до 2012 година. Дизајните од овој бренд се сметаат за култни предмети во Музејот Квартиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.