Празничната Рапсодија бр.3 ќе се одржи на 17-ти декември 2022 година со почеток во 20.00 часот во Камерната сала на Македонската Филхармонија – Скопје.
Пијанистките ќе изведат богата програма од литературата за четирирачно пијано со дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Петар Илич Чајковски и Едвард Елгар.

Програма:
Волфганг Амадеус Моцарт
Соната за четирирачно пијано КВ. 521 во C-dur
• Allegro
• Andante
• Allegretto

Е. Елгар
Поздрав на љубовта

Петар Илич Чајковски/Сергеј Рахмањинов
Свита од балетот ,,Заспаната Убавица” оп.66а
• Introduction. La Fée des Lilas
• Adragio. Pas d’action
• Pas de caractère
• Panorama
• Valse

Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат бројни рецитали низ државата и во странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал во Конзерваториумот Јана Дејла во Прага, настапуваат и на фестивалите Concerti del Tempietto и Les Dimanches Musicaux во Рим и Париз, како и за СОС Детско Село Скопје со целовечерен рецитал насловен Есенска Бајка, а во 2019 година започнува нивната Празнична Рапсодија.

Концертот ќе се одржи на 17.12.2022 (сабота) во 20 часот
Камерна сала на Македонска Филхармонија. Цена на влезници: 300 денари
Билетите се веќе пуштени во продажба и достапни
на продажните мрежи на „МК тикетс“
или може да се резервираат на тел: 070 33 19 03
или e-mail: pano1510@gmail.com



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.