Денеска, во 20 часот во Театар Комедија премиерно ќе биде прикажана праизведба на пиесата „Веќе не е ни смешно“ на авторот Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јаниќиевиќ. „Веќе не е ни смешно“ е црна комедија за комедијата денес, велат од Театар Комедија.

Во претставата играат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Жаклина Петровска и Виктор Арсов.

Комедијата на Кокаланов е инспирирана од „Човек што плаче од смеење“ на Фредерик Бегбеде и „Човекот што се смее“ на Виктор Иго. Во неа ќе препознаете и алузии на филмот „Џокер“ на Тод Филипс; на тажниот живот на големите мајстори на хуморот, како Робин Вилијамс, но, за жал, и на „кловновите“ околу нас, кои безмилосно ја освоија сцената на смеата.

Костимограф на претставата е Лидија Георгиева, сценографијата е на Марија Ветерова, музиката е на Игор Василев – Новоградска, од останатите соработници автор на плакатот е Мартина Петровска, фото – Кире Галевски и видео – Машина продакшн и светло – Илија Тарчуговски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.