Во просториите на НУ Национална опера и балет беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу СОКОМ, застапуван од Претседателката проф. д-р Валентина Велковска – Трајановска и НУ Националната опера и балет, застапувана од Директорот проф. м-р Васо Ристов. Активностите во рамките на соработката помеѓу двете институции ќе се одвиваат во насока на изведба и промоција на македонското музичко културно наследство, македонската уметничка музика, музичко-сценското творештво кое како наследство го оставија генерациите македонски композитори. Освен изведби на музичко-сценските дела, опери, балети, ораториуми, кантати и др., особено значајно за градење на музичката култура и историја е создавањето на ново музичко-сценско творештво. НУ Националната опера и балет е еден од најзначајните столбови на музичката култура, а во контекст на меѓународната соработка и концерти македонското музичко творештво е единствениот репрезент што може да не претстави најсоодветно и автентично.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.