Заврши поставување на амфитеатар во дворот на Националната установа Музеј Куманово. Проектот беше одобрен во 2021 година од Министерството за култура.

Амфитеатарот ќе се користи за публиката при одржување презентации, манифестации, за работилници на кои учествуваат ученици, изјави директорот на кумановскиот музеј, Богдан Таневски.

Во меѓувреме, тековно се спроведуваат проектите предвидени со годишната програма, одобрени од ресорното Министерство.

Наскоро почнуваат археолошките истражувања на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, проект кој е одобрен за годинава, а истражувањата беа спроведувани и претходн, појасни Таневски.

За годинава одобрени се 35 проекти, што е повеќе за десет проекти во однос на минатата година. НУ Музеј Куманово доби вкупно 4.901.000 денари од Министерството за култура за реализирање на проекти од годишната програма за тековната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.