Понеделник – 21.02 – „Последната лента на крап“ – 20. часот
Продуцент: Ѓорѓи Јолевски
Драматург и превод од англиски: Владимир Јанчевски
Сценограф: Сергеј Светозарев
Костимограф: Ивана Каранфиловска – Угуровска
Дизајнер на тон: Ненад Трпеноски
Дизајнер на светло: Дарко Младеновски
Светло – оператор: Игор Митревски
Дизајнер на плакат и програмски каталог: Димитар Димитров
Извршен продуцент: Никола Кимовски

Фотограф: Кире Галевски
Суфлер: Тања Ивановска
Шминкер: Бранка Пљачковска
Вајар: Ангел Петровски
Реквизитери: Снежана Грнчаревска и Боби Гелиќ
Актер: Ѓорѓи Јолевски

 

Вторник – 22.02. – „Мој термин“ – 20. часот

По мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева
Режисер – Синиша Евтимов
Можеме ли компулсивно-опсесивните нарушувања да ги читаме како парадигма на нашето современо живеење? Колку во ова време на високи технологии, сепак, се соочуваме со недостаток на вистинска комуникација? Дали надминувањето на сопствените проблеми, стравови, опсесии и фрустрации можеме да го пронајдеме во решавањето на проблемите на другите? Можно ли е нашите проблеми, стравови, опсесии и фрустрации да резултираат со љубов? Дали опсесивно-компулсивното нарушување на одредена личност ставено во радикално поинаков контекст може да се претвори во генијалност? Дали е можно авторитетот подобро да функционира кога е прикриен, затскриен зад маската на „обичноста“? Дали елекромагнетните бранови од мобилите телефони нè полудуваат? Можно ли е да се отвори Пандорината кутија што ја носиме во себе за храбро да се соочиме со сите зла кои ќе излезат од неа и да ги надминеме или победиме?
Оваа пиеса отвора многу прашања, одговорите остануваат на публиката.
Актерска екипа:
Филип – Јордан Симонов
Бела – Тања Кочовска
Ото – Оливер Митковски
Воскресија – Николина Кујача
Столе – Александар Микиќ
Лилјана – Сашка Димитровска
Силва – Александар Михајловски

 

Среда – 23.02.- „Не се клади на Енглези“ – 20. часот

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.
Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.
Сашко Коцев на прес-конференцијата рече дека проектот е почнат во 2010 година, со истата актерска екипа, но поради обврски е пролонгиран за септември 2013 година.
– Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград и Загреб и веќе шест-седум години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето, – рече Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг.
Микиќ истакна дека насловот е цитат од човек кој се споменува 20 или 30 пати во претставата, со специфичен говор и затоа е изведен насловот.
Според Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот.
– Ова е актерска претстава. Се работи за еден текст кој до максимум може да ги доведе актерските можности. Трите фантастични ролји се работени низ документарна призма, – потенцира режисерот Евтимов. Додаде дека претставата е и за пријателството, за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото.
Актерска екипа:
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Понеделник – 28.02 – „Само глас“ – 20. часот

„Само глас“ е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.
Таа е позната актерка која ја губи сопствената доверба и е напуштена од многу помладиот партнер балетан на кого му помогна да ја создаде кариерата. Останува осамена и затворена во својот стан, кој не го доживува како сопствен дом, а единствено друштво ѝ прави само чудниот пајак миленик Тарантула, кој ѝ остана од бившиот партнер. За неа нема надеж дека ќе може повторно да доживее наивна љубовна младост, сега како тоа да е само минато. Во очајна потрага по љубов и афирмација преку интернет го запознава Него, кој наизглед ги опфаќа сите архетипови на совршен маж – спасител, обожавател, љубовник и татко. На почетокот пристоен и слаткоречив тој многу брзо ја стекнува нејзината доверба и таа развива фикција над него, убедена дека во него ќе најде мир, што нејзе најмногу ѝ недостига. Меѓутоа, кога ќе го притисне и кога ќе сфати дека тој не ја говори вистината, Тој во бес ѝ открива дека, всушност, бил реквизитер во театарот каде што таа работела и дека бил многу години опседнат со неа. Додека ја привлекува и ја шармира тој ја дознава нејзината најголема и најчувана тајна – дека таа го остава својот бивш кога доживеал несреќа, и за нејзиниот бивш партнер тоа значело запечатување на неговата кариера. Тој започнува да ја уценува и да ја третира како роба, бидејќи само така може да го добие нејзиното целосно внимание.
Сепак, го спречува неговото его да увиди дека Таа глумејќи и манипулирајќи повешто од него го вовлекува во замка.
На крајот таа успева да се избори за својата слобода и се обидува да научи да го живее животот сама.
Поради експлицитните сцени и реплики, претставата е наменета за возрасна категорија +18
Актерска екипа:
Таа – Звездана Ангеловска
Тој, снимениот глас на Никола Ристановски
Балетан – Мирослав Митрашиновиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.