Во организација на Културниот центар „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“, од денеска до 1 август во главниот град ќе се одржува „Скопје вибрира“ – поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности.

„Скопје вибрира“ е повеќедневен настан, лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија“, и покрај поп ап изложбата ќе понуди музичка, филмска и забавна програма.

На изложбата, како што соопштија организаторите, ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои Град Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа.

Според организаторите, настанот ќе им даде можност за презентација на новите таленти и ќе даде увид во тоа што значи градот Скопје за една генерација креативци која го почнуваат нивниот професионален пат во полето на креативните индустрии, современата уметност и перформативните уметности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.