Писателот од Полска, Павел Беренсевич, во Скопје во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, а потоа попладнево и во Велес во Европската куќа на млади, го  промовира македонското издание на неговата книга за деца и тинејџери „Шепотено“, во издание на „Бата прес милениум“.

Промоцијата ќе остане запаметена меѓу велешките средношколци од Гимназијата „Кочо Рацин“ кои ја проследија, бидејќи наместо класично со промотори, писателот сам ја промовираше во разговор со средношколците на течен англиски јазик на многу теми, меѓу кои и за маркетингот и лажните вести за што се зборува во книгата.

Инаку, Велес не случајно е избран за промоција бидејќи токму младите велешани станаа светски познати по лажни вести во 2016 година кои беа во прилог на тогашниот кандидат Доналд Трамп, кој подоцна беше избран за претседател на САД. Но книгата не е поврзана со велешките млади и лажните вести тука за младите средношолци од Варшава од Полска кои преку рекламирање – делење на шарени летки за  разни производи  односно  ширење на лажни вести бараат начин да соберат пари да за присуствуваат на  финалето од Лигата на шампионите кое била најавено да се одигра на стадион во Варшава во Полска.

Во информацијата за МИА, писателот Павел Беренсевич појасни дека нивното промовирање на книгата во Велес „Главниот град на Шепотењето“ или лажен маркетинг како што се нарекува е неслучајни и по предлог на неговиот издавач Филип Баткоски од „Бата прес милениум“.

Кога јас ја пишував оваа книга тоа се случуваше со велешките млади и ширењето на лажни вести,  но тоа  тогаш апсолутно не беше дирекна инспирација за пишувањето на оваа моја книга, но сепак сметам дека е фантастична случајност, потенцира Беренсевич.

Тој потенцира дека не е писател кој сака да ги поучува читателите или децата да извлекуваат поуки или морали од книгата, туку дека  ги  остави со прашање за размислување.

Размислувајќи за тоа што е вистина, а што лага на интернет кога читаме  и ние возрасните како и младите луѓе, јас  почнав да размислувам на оваа тема. Преку разговор со нив  јас имам можност да слушнам  што тие мислат и како реагираат и каков пристап  имаат кон лажните вести,маркетингот и слично, појасни Беренсевич.

Тој додава дека пишувајќи книги и поттикнувајќи ги младите да размислуваат, преку  ваквата средби како денеска  со младите во Велес, за него е многу важна и покажува дека младите имаат свое мислење и различни ставови по темата.

Доколку ја прочитаат оваа книга тие ќе се запрашаат  и ќе почнат да размислуваат и со тоа ќе се постигне и целтта. Воедно на ваквите средби со младите и јас сакам да научам нешто од нив и да извлечам нешто од нив како идеја и  мисла или размислување, појасни  Беренсаревиќ.

Воедно тој информира дека освен на хартија оваа книга „Шепотено“  може да се прочита и на интернет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.