Во петок, на 2 февруари 2024 година во Оро радио и бар, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете самостојна изложба на Симона Мирчевска, со наслов ,,Под Хоризонтот”.

„Под хоризонтот“ го истражува современото многуаспектно значење на терминот „пејзаж.“ Физичкото и духовното освојување на територијата е документирано во серија на ликовни записи преку кои се овозможува осознавање на пејзажот преку чувствувања и искуства.

 

Возвишената слика која се развива под хоризонтот е ништо друго освен поглед кон внатрешноста, кон експресијата предизвикана од емотивната енергија, силата и моќта на природата како наш исконски дом, како дел од човекот, негово наследство и негова традиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.