Почна уредување на археолошкиот локалитет Баргала. Проектот го реализираат Општина Карбинци во соработка со НУ Завод и музеј-Штип, Центарот за развој на Источно плански регион. Градоначалникот, Виктор Паунов вели обезбедени се шест милиони денари, а Општина Карбиници учествува со кофинансирање од 10 отсто.
– Се работи за проект кој заеднички со Музејот го аплициравме преку ИПР и успеавме да обезбедиме финансиски средства во висина од шест милиони денари од страна на Бирото за регионален развој и еве конечно од денес започнуваме со реализација на истиот. Се надевам дека ќе нема проблеми во текот на изведбата и дека кога ќе го реализираме овој проект ќе добиеме една поинаква слика на ова историско место. Локалитетот Баргала заслужува да биде место коешто ќе понуди повеќе содржини за посетителите, вели Паунов.
Локалитетот Баргала ќе понуди повеќе содржини за посетителите од источниот регион и туристите од земјата и странство
– Од утре започнуваат градежните работи на проектот „Осветлување и оградување, мапирање на локалитетот Баргала“, со што се надеваме дека овој локалитет ќе го добие своето значење, својата заштита“ ама ќе биде вклучен и во туристичката мапа односно во туристичката посета па да речеме 24 часа, вели Митко Штерјов директор на ЗЗС и Музеј на град-Штип.
Проектот треба да биде завршен во текот на август годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.