Почина реномираната поетеса и преведувачка од албански на македонски јазик, Линдита Ахмети.
Родена во 1973 во Призрен, Ахмети се школувала на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и живееше. Нејзините песни се објавени во многу списанија на албански и на македонски јазик.
Има објавено неколку збирки песни на албански јазик, меѓу кои и збирките: „Малини и блуз“, „Островот Адулар“, „Божилак“ и други. На македонски јазик се издадени збирките песни: „Камена месечина“, „Син сон“, „Призивање во април“, „Утрешните монети“.
Нејзините дела беа преведени и на бугарски и на полски јазик.
Добитничка е на наградата „11 Октомври“ за 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.