На 27 април во 20:00 започнува проектот ТЕАТАР НА ПЛАТНО – соработка на компанија АртАктУм и Кинотеката на Македонија со претставата CAFÉ MÜLLER на легендарната Пина Бауш.
Претстава е снимена во 1985 година и во неа глуми и самата Пина Бауш. Овој четврток Артактум ви нуди ексклузивно да ја видите претставата на големо платно во Кинотеката.
По претставата ке отвориме разговор меѓу публиката и нашите гостинки: Искра Шукарова, Кореограф и професор при ФМУ – УКИМ катедра за балетска педагогија; Бранка Костиќ – Марковиќ, музиколог и уметнички раководител во НУ Танец; Искра Гешоска, програмска уредничка на Контрапункт и на КРИК – платформа за критичка култура;
Сите заедно ќе се обидеме да ги разоткриеме метафорите на претставата и ќе ги споделиме нашите доживувања и размислувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.