Во склоп на долгорочниот проект Arts Hub, КСП Центар Јадро денеска (11 април,вторник) во 19:00 часот организира прва Отворена средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата.


Идејата на овие отворени средби е поттикнување на дискусија и размена на идеи со заедницата со цел идентификување на локалните проблеми и потреби.

На отворената средба е поканет секој кој сака да се вклучи во продуктивен дијалог кој ќе води кон нови и свежи решенија/идеи за уметнички интервенции, за можни акции и ќе иницира нови соработки и партнерства помеѓу уметниците од независната сцена и граѓаните.

Преку оваа активност се надеваме дека ќе обезбедиме учество на заедницата и пошироката публика во сите фази на проектот Arts Hub кој што го развиваме со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија, 2023/24 година.

Со организирање на овие отворени средби, проектот се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти и се фокусира на активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, како и активно вклучување на граѓаните и публиката.

Проектот Arts Hub е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани ќе можат да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини.

Главна цел на проектот е да се мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео и како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес да создадат свои партиципативни проекти преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални и политички теми и проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.