Министерството за култура на Република  Македонија и годинава одвои финансиски средства за Националната установа „Охридско лето“, стои во писменото соопштение упатено до медиумите од оваа институција.

Средствата се доделуваат  во рамките на  Повикот за националните установи од областа на културата кој беше објавен во јуни 2022 година и ќе бидат искористени за реализација на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ што ќе се одржи од 12 јули до 20 август.

Огромна благодарност до  Министерството за култура, и особено до  министерката Бисера Костадиновска –Стојчевска за довербата која ќе ја докажеме со продолжување на високото реноме на нашата национална установа  преку презентирање  на уметноста како универзален јазик во светот, носејќи врвна програма со светски уметници, велат од „Охридско лето“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.