Во очекување на избор на нов претседател и раковотсво на ДПМ и информациите дека постои понов и постар Статут, оттаму објавија демант во врска со шпекулациите за постоење понов Статут.

Во продолжение го пренесуваме текстот објавен на социјалните мрежи на ДПМ.

Почитувани членови на ДПМ и почитувани медиуми, во врска со изнесените дезинформации во јавноста од Соња Стојменска-Елзесер и од Живко Грозданоски за постоење на понов Статут на ДПМ од 2011 година, најодговорно тврдам дека во Централниот регистар не постои таков Статут, со наводен потпис на Р.П. како што, за жал беше прикажано во јавноста. Од целокупната документација може да се заклучи дека постои само еден Статут, но не од 2011, туку Статут од 26.12.1998 година, кој е потпишан од тогашниот претседател на ДПМ, Милован Стефановски.

Апелирам да престанат шпекулациите во јавноста, со кои му се наштетува на работењето и угледот на ДПМ. Во врска со актуелното раководство, Ве известувам дека тоа е избрано на легитимно Изборно собрание на ДПМ на 28.5.2022 година, за кое постои уредна документација во Централниот регистар. Време е за конструктивност, со цел да им се даде приоритет на редовните активности: како што се Конкурсот за годишните награди, одбележувањето на Денот на основањето на ДПМ – 13 февруари и други активности. Годинава, ДПМ ќе ја одбележи својата 77-годишнина.

Христо Петрески,

претседател на ДПМ

30.01.2024



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.