Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2022 година.

Како што информира Министерството за култура, конкурсот ќе трае од 1 до 30 јуни 2022 година. Достапен е на веб-страницата на Министерството за култура.

Согласно со член 5 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди.

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Државната награда се врачува во Собранието на 8 декември – Ден на св. Климент Охридски. Државната награда „Св. Климент Охридски“ првпат е доделена во 1969 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.