Охридско лето најавува Новогодишен концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ кој го сочинуваат Стефан Кирпал и Гундула Кирпал на виолина, Алба Гонзалес и Бецера на виола и Стивен Ристау на виолончело.

Несекојдневно уживање со делата на Јозеф Хајдн, Ервин Шулхоф и Јоханес Брамс, велат организаторите.

Билетите се по цена од 300 денари и може да се резервираат на 046 262 304. Концертот ќе се одржи на 15 декември во 20:00 часот во Национална Опера и Балет – Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.