Вечерва, 20 часот, ноќна музејска тура во МСУ заедно со кустосот Бојана Јанева.
Ретка можност со личен водич да посведочите на креативната работа на нашите ексклузивни гости, светски познатите уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер.
Во текот на овие две недели, полските уметници ќе создадат 30-тина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, стари фотографски книги, каталози, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони…
Добредојдени сте да донесете дел од овие материјали, и со тоа да придонесете во создавањето на делата.
Наедно, Јанева ќе ве води и нив тековните отворени изложби во МСУ.
Следната ноќна тура е на 12 јули, соопштија од МСУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.