Јужнокорејската писателка Хан Канг ја доби Нобеловата награда за литература, соопшти Шведската кралска академија.

Во образложението на академијата се вели дека 53- годишната Канг е наградена за интензивната поетична проза, во која ги опишува историските трауми и ја разоткрива кревкоста на човечкиот живот. Хан Канг е првата јужнокорејска добитничка на Нобеловата награда за литература, која комисијата ја нарече личност посветена на музиката и уметноста. Во образложението се додава и дека нејзината работа ги поместува границите со истражување на широк спектар жанрови.

Таа стана лауреат на Нобеловата награда за литература , во конкуренција со руската писателка и критичарка на Путин, Људмила Улицка, кинескиот авангарден писател Кан Кју и британскиот писател Салман Ружди.

Канг е осумнаесеттата жена што ја освои Нобеловата награда, откако се доделува од 1901 година. Покрај Нобеловата, таа е добитничка и на Букеровата награда во 2016 година, за нејзиниот роман „Вегетаријанец“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.