Во Музејот на град Скопје, денеска со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Низ фотографскиот објектив на Македонида, уметноста на средновековните цркви во Охрид и охридско“.
Истовремено ќе биде промовирана веб-страницата Регистар на средновековни цркви во Охрид и охридско.
Како што посочуваат од Здружението „Македонида“ станува збор за истражувачки проект кој теренски се работел во 2021 година од тимот д-р Панче Велков и м-р Владимир Таневски, а подржан од грант на фондацијата Richard H. Driehousе од Чикаго.
Самиот проект започна да се осмислува и работи во 2020 година. Теренските активности за овој проект се совпаднаа со изработката на книгата „Seven Churches in Ohrid” во која свои текстови напишаа проф. д-р Елизабета Димитрова, Гордана Велков и м-р Ивона Панџак Пинева, додека фотографиите ги изработи д-р Мишко Тутковски. Така што со оваа изложба на фотографии на фрески за кои сметаме дека се меѓу најубавите уметнички дела од средновековното византиско сликарство правиме едно заокружување на презентацијата на охридското културно и религиозно наследство, посочуваат од Здружението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.