Народниот театар од Охрид  започна со  подготовка на нова претстава, чија премиера е планирана на фестивалот “Охридско лето”. Станува збор за  претставата „Секс, лаги и љубомора”, текст на Марк Камолети, режијаа Коле Ангеловски, а гостин актер е Марија Новак. Играат и актерите од домашниот ансамбл: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска, Адријана Билaловиќ Тодороска и Биљана Билаловиќ Вељаноска.

Авторот Марк Камолети, го  третираат како легитимен наследник на Фејдо, совршено ја владее структурата на комедијата на ситуации. Станува збор за престава која ја елаборира љубовта, прељубата, вербата и надежта на два современи брачни пара преку емоционална вртелешка со интриги, замена на идентитет, професионално успешни а емоционално незрели со многу проблеми.

Текстот напишан во шеесетите години од минатиот век и денеска живее не само на сцената туку го живее и секојдневието. Несуден диригент на оваа лакрдија е куќната помошничка, која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта. За ведрата страна на животот, за оние мали искри во секој од нас, кои го стартуваат „joie de vivre”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.