Народен театар Охрид денес гостува со комедијата „Несфатената цивилизација“ во НУЦК „Кочо Рацин” – Кичево.
Станува збор за претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, велат од Народен театар Охрид.
Во претставата играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.
Претставата ќе се игра во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево со почеток во 19:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.