Во понеделник, 25 декември 2023 година во 19:00 часот, во Галерија Амам во Гевгелија ќе биде отворена изложбата насловена „НарАРТива 2023“.
Од самите прапочетоци на литературата и визуелните уметности може да се зборува и за нивни интермедијални релации кои по својата природа отсекогаш биле двонасочни. Не само што низ целокупната историја литературните дела вдахновиле и биле втемелувачки жар во процесот на создавање на голем број ликовни дела или скулптури, туку и бројни книжевни дела имаат екфрастичко-експресивен предзнак, а обете уметности комплементарно се надоврзувале во сеопштата еволуција на уметноста, поединечни правци или струи.
Изложбата „НарАРТива 2023“ во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, а во соработка со НУ Музеј – Гевгелија се соочува со целта да ја долови едната од овие две насоки, поаѓајќи од позицијата на естетски и поетички разноликото творештво на современите македонски визуелни уметници – од дела кои своја подлога наоѓаат во поедичени наративни или ситуациски нишки од делата или личностите/ликовите на Е. А. По, Егзипери, Венедикт Ерофеев или В. Шимборска, преку дела инспирирани од (творештвото на) Чернодрински, Рацин и Шопов, до дела кои посуптилно или поиндиректно одразуваат некакви наративни обрасци и форми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.