Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава им се доделува на Јордан Плевнеш (Македонија), Виктор Радун (Србија) и Ана Багрјана (Украина).

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, а годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на книжевноста, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”.

Доделувањето е во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, а досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Србија), Кирил Темков (Македонија), Жан-Патрик Конрад (Франција), Зафир Хаџиманов (Србија), Вања Ангелова (Бугарија), Миле Топуз (Македонија), Васил Тоциновски (Македонија), Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина) и Олга Лалиќ – Кровицка (Полска).

По повод добивањето на Меѓународната награда „Гоцева мисла”, Јордан Плевнеш ја упати следнава порака:

Драги Христо,

Ти благодарам од се срце што го поврза моето име со Бесмртниот дух на Гоце Делчев

и неговата мисла токму во времето во кое работам на сценариото за игран филм “Вива Гоце Вива

Гарибалди”…Ништо не е случајно под Сводот небески…!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.