Синоќа во Битола, во Офицерски дом свечено беше отворена Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Битола за 2023 година, на која беше доделена и традиционалната награда “Борислав Траиковски“.
-Изложбата на Друштвото на ликовни уметници од Битола (ДЛУБ) претставува духовна материјализација, белег на одредено културно егзистирање, пресек на разновидни креативни остварувања во современи ликовно-естетски рамки и со одреден предзнак (принцип): хетерогеност во зачувување на класичниот ликовен концепт на комуникација, рече на отворањето Лиљана Христова.
На прославата од 49 годишното постоење на ДЛУБ беше доделена наградата “Борислав Траиковски“ за зајдобро ликовно остварување на Љубица Мешкова Солак.
Пофалници добија уметниците Тони Попов и Мартин Јакимовски за особено ликовно остварување на Годишната изложба на ДЛУБ 2023.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.