Документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината” посветен на големиот јубилеј на Бигорскиот манастир ќе биде прикажан во Битола, во рамки на фестивалот „Браќа Манаки”.

„Со посебна радост информираме дека документарниот филм ‘1000 години Сведок на Светлината’ на КАТ продукција, во вторник ќе биде прикажан во рамки на фестивалот „Браќа Манаки”, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, рече сестра Ефимија и порача дека проекцијата е слободна.

Таа потсетува дека филмот „1000 години Сведок на Светлината”, кој е во режија на Илија Ико Каров, е снимен по повод големиот јубилеј – 1000 години од основањето на свештената Бигорска Обител, што се прослави во 2020 година.

Премиерата на филмот беше на 15 април во Македонскиот народен театар и предизвика голем интерес и доби позитивни критики.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.