Ликовен уметник, чии дела ја коментираат придавката „северна“ во името на државата и односот на уметникот кон неа, е елиминиран од изложбата на Музеј на град Скопје, објави самиот автор на Фејсбук.
Уметникот Зоран Шекеров, чие дело требаше да биде дел од инсталација, дефинитивно не е дел од програмата на изложбата која се отвара денеска, 28. ноември, со почеток од 19:30 часот.
Шеќеров, кој беше дел од шестемина уметници кои предходно заедно изложувале на Сардинија во Италија, не е наведен во официјалната програма на изложбата „A/R Каљари-Скопје“ која ја организира Музејот на град Скопје. Очигледно, менаџментот на Музејот на град Скопје го цензурира Шеќеров затоа што сакал да објави дело во кое се вели дека „Уметник од Македонија, воопшто не е уметник“
Во подготовката на изложбата на Шекеров му било речено дека не може да му бидат објавени дела со тема „северна“ затоа што тоа било политичка порака. Во официјалната програма на изложбата остануваат петте уметници кои предходно како тим изложувале во Италија.
Запомнете го 28-ми ноември како црн ден за македонската култура и уметност, ден кога се цензурираше уметникот во Македонија. Иако никого лично не повредувам во содржината на моето дело, истото беше забрането со манипулативни оправдувања од типот: ќе ги повредиш колегите во музеј, овака ќе направиш кога ќе се менува политиката, па дури и се впуштија во обид да прават корекција на делото“ – напиша Шекеров на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.