Десетици возбудени обожаватели на Харуки Мураками чекаа на ред пред книжарниците во Токио во четвртокот за да го купат новиот роман на светски познатиот писател.
Мураками напиша нов роман по пауза од шест години, а примероците од „Градот и неговите несигурни ѕидови“ (The City and Its Uncertain Walls) засега се дотапни само на јапонски јазик.
Неговиот последен роман беше „Убиството на командантот“, кој беше објавен во февруари 2017 година.
Авторот на бестселерите е познат по своите приказни за апсурдноста и осаменоста на модерниот живот. Тој е преведен на околу 50 јазици, меѓу кои и на македонски.
Во пораката која ја објави издавачот на Мураками пред излегување во печат на новата книга, Мурраками рекол дека напишал роман за самоизолацијата за време на пандемијата со коронавирусот.
Мураками, кој со години се смета за фаворит за Нобелова награда за литература, е личност која живее повлечен живот. Негови најпознати роман се „Норвешка шума“ и „Кафка на брегот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.