Монодрамата „Избувливиот човек” со Ефтим Трајчов Ѓаурски во режија на Перо Даниловски ќе гостува вечерва во 20 часот на малата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ). Претставата е дел од програмата на Центарот за култура „Бели мугри” од Кочани, а ќе биде изведена во неколку градови ширум земјава.
Проектот е целосно финансиски поддржан од Министерството за Култура.
„Избувливиот човек“ е претстава која беше работена во склоп на годишната програма на НУЦК „Бели мугри ” – Кочани за 2020 година.
Претставата е добитник на наградата од публиката на минатогодишниот Фестивал за монодрама во Битола.
„Избувливиот човек” е црна комедија, монодрама, расказ на Антон Павлович Чехов. Режисерот Перо Даниловски на привлечен и аморфен начин го доближува делото на големиот писател кое претставува и негова најголема книжевна отстапка, исчекор од стандардизираните карактери, потчинети на натуралистички порабената руралност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.