Македонскиот народен театар (МНТ) во четврток, на 12 јануари во 12 часот ќе одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит, соопштија од националниот театар.

Во спомен на Кате – актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа, велат од МНТ.

Вчера, на 85-годишна возраст во Скопје почина актерката Катерина Крстева, дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.