Младински центар Охрид започна онлајн кампања на својата веб-страница за промоција на културно-историските знаменитости во градот. Оттаму велат дека  презентирани се податоци за Куќата на Робевци.

Кампањата е под наслов: „Истражете го Охрид: дигитална одисеја низ културните знаменитости и музеи“. Преку неа ќе бидат споделувани корисни информации и интересни факти за културните споменици во Охрид, локалитети, музеи…

Оттаму потенцираат дека сите информации се преземени од архивата и веб страницата на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.