По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, министерката за култура Бисера КостадиновскаСтојчевска утринава го посети тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“, општина Чаир.

На настанот, пред министерката Костадиновска-Стојчевска, придружувана од државниот секретар од Министерство за образование и наука Анета Трпевска и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, учениците ќе читаат песни од познати автори на нивниот мајчин јазик и ќе ги изложат нивните цртежи на темата „Спој на културата и јазикот низ призмата на учениците“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.