Меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ можете да ја погледнете само уште денеска во МСУ – Скопје, информираат оттаму.

До 25 февруари се уште ќе биде отворена самостојната изложба на младиот уметник Дритон Селмани со наслов „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“.

Во периодот од 26 до 28 февруари музејот нема да биде отворен за посетители, поради подготовките за претстојната изложба со дела од Лубарда, која ќе биде отворена на 1 март 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.