Четвртото издание на Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“, ќе се одржи од 25 до 31 август 2024 година во Струга.
„Со огромно задоволство Ви ја најавуваме Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ која се враќа во своето четврто издание, нудејќи уникатна платформа за реобмислување на кураторските практики во современата уметност и пошироко. Овогодинешното издание брои 7 учесници кои ќе се вклучат во серија работилници, предавања и колаборативни проекти. Предавањата ќе бидат отворени за заинтересираната јавност (со пријава на lokomotivaskopje2015@gmail.com) , која ќе треба да се најави поради ограничен простор, а целта е да се овозможи и пошироко учество на заедницата и поттикнувајќи инклузивна средина за учење и размена“ велат од организаторите.
Школата оваа година е нуди простор за реобмислување на кураторските практики надвор од организираните дисциплини на знаење, каде што уметничките, социо-политичките, економските, еколошките и културните контексти можат повторно да се замислат. Исто така, оваа година школата го нагласува размислувањето преку различни призми на интерсекционалност, феминизам, екологија и екотопија (екоутопија), меѓу другото, кои бараат различни начини на размислување, рефлексија и пристапи, создавајќи различни кураторски практики.
Програмата ќе содржи предавања, работилници, менторски сесии и работа на развој на кураторски идеи и тоа: Кураторски плуралитети со Биљана Тануровска-Ќулавковски (MKD), Размислувајќи заедно за политичкото и кураторското: Афект, рационалност и перформативност со Славчо Димитров (MKD), Засевање и берба на утопии со Елена Коровин (DEU), Југословенско наследство, сомоорганизирање и курирање: Лекции од друг свет со Маријана Цветковиќ (SRB), Учење од руралното: Соработката како феминистички кураторски метод од Каталин Ердоди (AUT/HUN), Феминистички и екофеминистички дискурси и практики во современата уметност од Сузана Милевска (MKD) и уметнички размени со Викторија Илиоска (MKD/DEU) / Курирање иднини преку изучување ужас и Филип Јовановски (MKD) / Градот е јавност.
Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ 2024 година е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, Гете институт – Скопје, Фондацијата Хајнрих Бол и Performance Situation Room / LLB 3 проектот поддржан од Креативна Европа.
Паралелно со летната школа, Локомотива ќе биде домаќин и на Модуларното училиште, организирано во соработка со Номад танц академија Хрватска со која учесниците ќе имаат размени. Модуларното училиште е програма фокусирана на полето на изведувачките уметности и современиот танц, обединува 5 учесници кои ќе се вклучат во збогатена размена на идеи и практики со учесниците на летната школа. Учесниците на Модуларното училиште ќе организираат дневни сесии за работа на телото и споделување на нивните кореографски и перформативни практики, заедно со присуство на некои од предавањата. Дополнително, тие ќе организираат отворено предавање за сите заинтересирани присутни во Струга. Соработката има за цел да ги прошири перспективите на двете групи, поттикнувајќи ги интеракциите помеѓу уметниците и културните работници од различни потекла, генерации и искуства.
Покрај работилниците и предавањата, учесниците ќе се вклучат во колаборативни проекти, индивидуална работа и посети на културно значајни места како што е селото Вишни , во организација на ИНКА – Иницијатива за независен културен активизам.
Од своето основање како дел од проектот поддржан од Еразмус + „Курирање во контекст“ (2019-2021), Меѓународната летна школа прерасна во критичен простор за размислување и развој во кураторските практики. Претходните изданија се занимаваа со теми кои ги рефлектираат социо-политички и економските состојби и уметноста, овозможувајќи им на учесниците да ги прошират своите уметнички практики преку кураторска перспектива.
Предавачи, водачи на работилниците и ментори се Биљана Тануровска-Ќулавковски, Славчо Димитров, Елена Коровин, Маријана Цветковиќ, Каталин Ердоди, Сузана Милевска, Викторија Илиоска и Филип Јовановски.
Тим на школата: Биљана Тануровска-Ќулавковски (кураторка), Емилија Чочкова (проектна менаџерка), Ивана Драгшиќ (координаторка), Љубомир Фаизов (ПР), Ѓурѓица Христовска (администрација).
Партнери на проектот се Номад танц академија www.nomaddanceacademy.org, DIVERT колектив Загреб, Дом на културата во Струга, Europe House во Струга и ИНКА – Иницијатива за независен културен активизам.
Во прилог е целосната програма.
25-31 август 2024 година, Струга
25.08. недела
Пристигнување на учесниците
26.08. понеделник
11:00 Вовед во школата, задача на школата, контекст и учесници
11:30 – 12:30 Кураторски плуралитети со Биљана Тануровска-Ќулавковски
12:30 – 12:45 Пауза за кафе
12:45 – 13.45 Размислувајќи заедно за политичкото и кураторското: Афект, релационалност и перформативност со
Славчо Димитров
13.45 – 15:30 Пауза за ручек
15:30 – 17:30 Презентација на проекти на учесниците (презентација 10 мин. и прашања 5 мин.)
27.08. вторник
11:00 – 13:30 Засевање и берба на утопии со Елена Коровин
13:30 – 15:00 Пауза за ручек
15.00 – 16.30 Југословенско наследство,самоорганизирање и курирање: Лекции од друг свет со Маријана Цветковиќ
16.30 – 17.30 – Меѓусебни дискусии за проектни идеи и менторство
17:30 – 18:30 Индивидуална работа
28.08. среда
11:00 – 13:00 Учење од руралното: Соработката како феминистички кураторски метод со Каталин Ердоди
13.00 – 14.00 Работа на развој на кураторска идеја
14.00 – 15.30 Пауза за ручек
15.30 – 17.30 Номадско ко-курирање, работилница со Маријана Цветковиќ и Биљана Тануровска-Ќулавковски
17:30 – 18:30 Индивидуална работа
29.08. четврток
11:00 – 13:00 Феминистички и екофеминистички дискурси и практики на современа уметност со Сузана Милевска
13:00 – 15.00 Пауза за ручек
15:00 – 17:30 Запознајте ги уметниците:
15:00 – 16:00 Курирање иднини преку изучување ужас со Викторија Илиоска
16:30 – 17:30 Градот е јавност со Филип Јовановски
17:30 – 18:30 Индивидуална работа
30.08. петок
Утро: Посета на селото Вишни, презентација на просторот Вишни со Тина Тодороска Петреска (во организација
на ИНКА – Иницијатива за независен културен активизам)
Ручек
16:00 – 17:30 Менторство, фидбек за Филип и фидбек за предлозите (уметничко истражување)
17:30-18:00 Фидбек за летната школа
31.08. саботаЗаминување на учесниците
ПРОСТОРИ: Дом на културата во Струга и Европската куќа во Струга
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.