Како почетен дел од 8. Сомборски стрип фестивал од понеделникот во Сомбор, Србија отворена е изложба на која се претставени повеќе македонски стрип автори. Како што информира Томе Трајков од СЦМ-Велес, селектор кој ја подготви изложбата, наместо првично планираното, заради актуелната ситуација во Србија изложбата е отворена за посетители во детското одделение на градската библиотека „Карло Бијелицки“ во Сомбор.
Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права. Доминираат стрипови од актуелните македонски автори што изложувале на Меѓународниот стрип-салон во Велес и во магазинот „Креатор“, единственото постојано стрип-издание кај нас,
Изложените стрипови се дела на цртачите: Ангела Петрушевска –Скопје , Дамјан Шокев -Скопје ,Дарко Богданов-Виница, Ѓургица Варела-Гевгелија , Илко Стојановски –Велес,Јана Бутеска –Скопје ,Лазар Ангелков-Велес, Максим Ристески-Скопје, ,Методија Стојановски-Куманово,Оливер Цветковски –Велес, Славица Купенкова-Скопје, Тоде Блажевски –Скопје и Цанко Стефанов од Скопје.
Како сценаристи на некои од делата беа застапени: Александар Стеванов од Штип, Ване Трајков од Велес, како и Александра Ристески, Војдан Андонов, Ѓоре Гелев (сите од Скопје).
Трајков информира дека организирањето на гостувањето во Сомбор вклучено и оваа изложба е неколку годишна заложба којашто конечно се реализира. Истото претставува збогатување на досегашната соработка којашто се изведуваше преку учества на стрип конкурси и меѓусебно информирање за други стрип настани во регионот и пошироко.
Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права.
Воедно изложбата на избрани македонски стрип автори претставува воведен дел на 8-миот Сомборски мегународен салон на стрип и фантастика кој ќе се одржи претстојниот викенд во Сомбор Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.