Да се организира нашето претставување на најзначајната културна манифестација за уметност не беше едноставно, но истрајноста ни покажа дека нашиот проект одлично алудира на темата “Млеко од соништата” од една горлива локална – глобална тема.

Целиот ентузијазам и труд за успешно претставување вреди и претставува голем предизвик, напиша на својот фејсбук профил Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија и комесар на годинашното претставување на Македонија на 59. Венециско биенале.

Куратори на нашето претставување на овој најголем светски настан од областа на уметноста се Ана Франговска и Сања Којиќ Младенов.

 

Биеналето се отвора на 22 април, а нашите претставници секојдневно на социјалните мрежи информираат за текот на подготовките на македонскиот павилјон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.