Во чест на денешниот, Меѓународен ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК) организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот.
Меѓународниот семинар при УКИМ има единаесет Лекторати по македонски јазик, литература и култура во: Р Турција (Инстанбул), Р Унгарија (Будимпешта), Р Полска (Краков и Сосновјец), Руската Федерација (Москва), Р Хрватска (Риека), Анкара (Р Турција), Р Романија (Букурешт), Р Франција (Париз), Пекинг (Народна Република Кина) и Тирана (Р Албанија).
„Во Годината на македонистиката се одржуваат бројни кампањи, школи и активности, со цел афирмација на македонистиката кај нас и во светот“, информираат од МСМЈЛК при УКИМ во Скопје.
„Јазикот е наша суштина, наша највисока претставителност, наш идентитет и убавото лице на нашата култура. Јазикот живее и се прераѓа преку нас, а ние растеме и се возвишуваме преку македонскиот јазик. Мисијата на македонистиката е наш завет, кој го развиваме како високообразовна, научна и културна дејност која има меѓународно значење и непроценлива вонвременска вредност“, изјави директорката на Меѓународниот семинар при УКИМ проф. д-р Кристина Николовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.