Симон Трпчески и МАКЕДОНИСИМО утревечер (сабота, 26 август) пристигнуваат во Секирник, Општина Босилово, Струмица (во подножјето на планината Беласица), родното место на мајката на Трпчески.
Концертот закажан за 20 часот во дворот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Секирник е со слободен влез за сите заинтересирани почитувачи на Симон Трпчески и проектот МАКЕДОНИСИМО.
Специјален гостин на концертот ќе биде нашиот мајстор на кавалот, Сашо Митев.
Со овој концерт стартува Балканската турнеја на МАКЕДОНИСИМО, што ќе трае до октомври и ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Романија, велат од КултурОп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.