Во уметничката галерија „Безистен“ денеска е отворена изложбата „Македонија памети, никогаш да не се повтори“. Присутните имаа можност да се запознаат со работи кои ги поседувале Евреите, а изложбата е по повод 80 годишнината од Холокаустот на Евреите.

Директорот на Архив-Штип, Марио Паризов вели дека преку повеќе од 200 фотографии и документи се изложени во галеријата „Безистен“.

– Проектот се реализира во Штип, со тенденција оваа изложба да биде отворена и во останатите градови во државата, но и надвор од границите на државата, вели Паризов.

Јасмина Дамјановска од Државен Архив на Република Македонија вели дека Државниот Архив и Институот за националан историја оваа година се вклучија на јубилејот 80 години од Холокаустот на Евреите.

– Сѐ она што тие поседувале се прикажани преку оваа изложба односно преку 19 изложбени паноа кои поседуваат повеќе од 200 фотографии и документи, објаснувајќи го целокупниот процец во Скопје, Штип и Битола. Ние се надеваме дека успешно го реализиравме овој проект кој ќе биде прикажан и во другите градови низ Македонија и надвор од Македонија, вели Дамјановска.

Во одбележувањето на денешниот настан се вклучија и од НУ Завод и музеј Штип. Изложбата ќе биде отворена во наредните 15 дена, а Штерјов ги покани сите млади и повозрасни да ја посетат и да се запознаат со животот на Евреите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.