Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, утре, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Извонредната Имери Илкоска, доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“.
Маестра Имери Илкоска всушност, настапува на финалниот концерт на фестивалот, кој во Тбилиси и воопшто во Грузија, се смета за еден од најзначајните настани за љубителите на класичната музика.
Заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, како солисти ќе настапат тројцата фантастични пијанисти со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија).
Програмата е навистина интересна и комплексна. Ќе бидат изведени уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.
Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред се, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и престижниот оркестар кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет, надалеку се слуша и не може да остане неприметено“, вели Имери Илкоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.