Во Културно-информативен центар – Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на графики „Look up!” од Ертунч Сали.

Изложбата „Look Up!“ е составена од 20 графики и се изработени во техника линорез. Повеќето од графиките се комбинирани со други техники кои се неконвенционални за графика. Неговиот обид за кршење на правилата во графиката можеме да го набљудуваме во комбинирањето на офсетните бои со спреј бои. Тој со помошта на стенсилот го аплицира спрејот на графиките, како комбинирачка техника. Овој обид за традиционалните графичари е бласфемија, херетизам, но за отворените умови е една нова игра. Сепак резултатите – испечатените графики – не се на истата страна со традиционалистите, туку нудат нова визија. Тоа е суштината на целата изложба, соопштија од Културно-информативниот центар – Скопје.

Авторот е роден 1990 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје како графичар и графички дизајнер. Своето студио го отворил во Скопје заедно со колегите од факултет, потоа познат како колектив Кула. Неговиот најголем придонес за културната сцена во Скопје беше да биде еден од основачите на колективот Кула и да организира многу културни настани (концерти, изложби, настани за храна и сл.) во Скопје, како и свои изложби.

Изложбата ќе биде отворена до 29 октомври.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.