Камерна сала на Филхармонија,  вечерва со почеток во 20 часот ќе бидат доделени наградите на СОКОМ и концерт ќе одржи гудачкиот оркестар „Ајга“. Диригент: Ана Спасовска
Солисти: Маја Чаначевиќ – англиски рог, Горан Јанев – хорна, Владимир Костов – виолина

Наградата „Трајко Прокопиев“  што е највисоко професионално признание кое го доделува СОКОМ на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата, се доделува на македонскиот композитор

ЉУПЧО КОНСТАНТИНОВ

Комисија во состав:
проф. д-р Јане Коџабашија, композитор
проф. Живојин Глишиќ, композитор
Марко Коловски, музиколог

Наградата „ГЕОРГИ БОЖИКОВ“ која Сојузот  на композитори на Македонија – СОКОМ  ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година, за 2021 година се доделува на Камерното дуо

ВЛАДИМИР КОСТОВ – ВИОЛИНА
МАРИЈА ВРШКОВА – ПИЈАНО

Комисија во состав:
проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска, музиколог
д-р Мирјана Павловска-Шулајковска, музиколог
проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, композитор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.