НУ Музеј Куманово доби над 4,9 милиони денари од Министерството за култура за реализирање на проекти од годишната програма за тековната година, соопштија денеска надлежните од установата.

Меѓу проектите, поодделно одвоени 1,8 милиони за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за реализирање на 22 проекти од областа на етнологија, археологија, историја и историја на уметност.

За визуелнa уметност, архитектура и дизајн предвидена е реализација на девет проекти поддржани со 845.000 денари, за издавачка дејност и литература 100.000 денари за музејски гласник, инвестициско одржување, санација на платото пред Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце одвоени се 1,6 милиони денари. За санација на музејски згради, покривот на постојаната музејска поставка, на галеријата и административната зграда предвидени се 419.000 денари. За меѓународна дејност, „Конекции на кралството на античка Македонија со кумановскиот регион“ одвоени се 52.000 денари.

Задоволни сме од она што го понудивме и она што ни е одобрено од Министерството за култура како годишна програма за 2022 година,изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски.

Дел од проектите продолжуваат, некои се нови, појаснуваат од Музејот. Вкупно одобрени се 35 проекти, што е повеќе за десет проекти во однос на минатата година. Меѓу одобрените проекти е продолжување на минатогодишните археолошки истражувања на трите локалитети „Градиште“ едниот во близина на село Пчиња, вториот во Младо Нагоричане и локалитет Црквиште во близина на Клечовце.

Во текот на годината ќе се работи на истражување од областа на етнологија во селата од козјачијата, изложба од областа на историја на уметност, наменета за резби, одржување и конзервација на нумизматичката збирка, конзервација на етнилолошки предмети, музејот доби и проект за истражувања на женската свадба кај албанската етничка заедница во Куманово.

И годинава ќе откупуваме музејски предмети, историски, археолошки, етнолошки, ги поканувам граѓаните, сето она што претставува културно богатство да ни го понудат за откуп и да го презентираме пред јавноста, изјави Таневски.

Како што е најавено летска ќе се одржи ликовната колонија „Куманово 2022“, изложби од претходна колонија на кумановските ликовни уметници, на македонски уметници, на тие кои самостојно аплицирале на конкурсот, во програмата се четири кумановски уметници, издавање на монографии, етнолошки изложби, едукација на ученици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.