Културно социјален простор Центар-Јадро од Скопје објавува повик за учество во аматерската филмска работилница „ОКО“.
Концептот на работилницата е формирање на семејни екипи составени од два члена (дете и родител/старател, дедо или баба…) и преку заедничко учење, гледање филмови, разговори и дружење, секоја екипа да создаде, сними и монтира своја филмска приказна. Филмот може да е инспириран од семејните албуми, од соочувањата со генерациските јазови или од секојдневните современи предизвици како на пр. урбанистичката промена во градот, екологијата и животната средина, социјалната правда итн. За учество во работилницата не е потребно никакво предзнаење или техничка опрема. Добродојден е секој кој сака едно поразлично семејно дружење и трансгенерациски предизвици.
Работилницата ќе заврши со финален настан за презентација во Центар-Јадро.
Работилницата ќе се одржи од 13-15 мај 2022 година во просториите на Културно социјален простор Центар-Јадро, Скопје.
Доколку сакате да бидете дел од оваа работилница, испратете е-маил со ваши податоци на: centar.jadro@gmail.com
(напомена: на работилницата ќе можат да учествуваат првите пет екипи кои ќе се пријават на повикот)
Повикот е отворен од 30.04.2022 до 10.05.2022 (00:00 ч.)
За водачката на работилницата:
Марија Џиџева е родена во Гевгелија на 24 декември 1970 година. Основно и средно образование завршува во родниот град. Студира на Филолошкиот факултет во Скопје и во 1994 година дипломира на Катедрата за македонска книжевност. Истата година ги започнува студиите на Факултетот за драмски уметности и во 2000 година дипломира на Катедрата за филмска и тв режија. Работи документарни и играни филмови. Учествува на голем број на семинари и работилници каде се надградува од областа на филмот и филмската едукација, како и на талент кампуси и пичинг форуми, каде ги презентира своите проекти. Автор е на филмовите: “Мис Амнезија”, “Списокот на Тони Манџа”, “Погледни го животот низ моите очи”, “Барајќи ја среќата”, “Некои поинакви приказни”, “Втора шанса”, прикажувани и наградувани на повеќе филмски фестивали. Работи и на повеќе телевизиски докуметарни проекти. Во периодот од 2015 до 2018 година е ангажирана на Филмската Академија при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Активно учествува и во филмска едукација на деца и млади со креирање и реализиање на филмски работилници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.