КСП Центар – Јадро објави конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември, а на конкурсот право да учествуваат имаат сите уметници кои се државјани или резиденти на Македонија.

Уметниците можат да се пријават индивидуално или во групи и колективи.

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 5 септември, со назнака Конкурс за изработка на мурал, како и податоци за авторот/ите – име, презиме, телефонски број“, се вели во конкурсот.

Од Јадро посочуваат дека планиран период за изработка на муралот е во периодот од 10 до 20 септември 2023 година, а дополнуваат дека за изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

Оттаму нагласуваат дека тематски конкурсот е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела врз којшто се темели институцијата.

Од Јадро посочуваат дека институцијата ќе обезбеди средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 20.000 денари.

Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази“, забележуваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.