Краткометражниот игран филм “Врзани“, режисерско деби на македонската актерка Сара Климоска, е дел од селекцијата на престижната програма European Short Pitch, информираат од продуцентската куќа „Унита филм“.

Финалната фаза се одржува од 26 до 29 февруари во Рен, Франција.

 

Од 2007 година, дел од оваа програма биле стотина филмови од краток формат кои потоа остваруваат значајни успеси и премиерни прикажувања низ најголемите светски фестивали како Кан, Берлинале, Локарно, Санденс итн.

Од илјадници апликации секоја година, European Short Pitch издвојува вкупно дванаесет проекти од исто толку европски земји. Програмата има за цел да ги развие, вмрежи во копродукции и дистрибуција, како и да ги промовира филмските остварувања при понатамошниот тек на реализација.

Продуцент на „Вразни“ е македонскиот филмски режисер Вардан Тозија и продукциската куќа „Унита Филм“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.