„Обичната Ели“ е краток филм на режисерката Лавинија Софрониевска, кој премиерно, преку две проекции ќе се прикаже во недела, на 13 февруари во Кино „Фросина“, односно Младинскиот културен центар.

Првата проекција ќе започне во 20 часот, а втората во 20 часот и 30 минути. Проекциите се бесплатни за публиката.

„Ели има само две обични карактеристики: таа работи како чувар во локалниот музеј и поседува златна рипка која и е единствениот другар. Осаменоста на денешниот човек, живеењето во рамки и аквариуми и внатрешниот крик за слобода се главниот мотив на овој краток филм, но дали се и доволен мотив за Ели да замине заедно со рипката кон водата за која и двете мечтаат“, се вели во краткиот опис на филмот.

„Обичната Ели“ е снимен по сценарио и режија на Софрониевска. Улогите ги толкуваат Изабела Новотни, Кирил Пенушлиски и Тамара Ристоска, а продукцијата е на „Минимал Скопје“.

Сите заинтересирани за проследување на филмот, потребно е да го резервираат својот билет на bileti@mkc.mk.

„Поради намален број на седишта, Ве молиме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 11.02.2021. Проекцијата ќе се одржи согласно протоколите за заштита од КОВИД-19“, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.