Министерката за култура на многу транспарентен начин ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти од јавен и национален интерес. Евалуацијата, рангирањето и селекција на проектите кои ќе бидат финансирани го прави стручна Комисија која е составено токму од луѓе од фелата. Секој кој не е задоволен има право на жалба, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Премиерот посочи дека го цени трудот на секој уметник, но одговорот е кај Комисијата која го носи одлуките.
Знам дека секој ументик го цени својот труд. И јас го ценам трудот на сите уметници, но сепак одговорот е кај Комисијата која одлучува и кај второстепената Комисија која одлучува по жалбите и се надевам дека на крајот сите ќе бидат уверени во одлуките кои ги носела Комисијата за доделување на средствата за поддршка на културните настани и проекти за оваа година, рече Ковачевски на прес-конференција за време на отворањето на детската градинка „Сонце“ во Волково, во одговор на новинарско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.