Насмевки кај публиката предизвика специјалната изведба на „Волшебникот од Оз“ по повод започнувањето на Меѓународниот ден на детето што се одбележа во организација на Министерството за култура во соработка со училиштето за театар „Од игра до претстава“, на Школка во Градскиот парк.

 

Од најрана возраст ги учиме децата да го посетуваат театарот, а со тоа градиме генерација која ќе дава посебна поддршка, ќе води грижа и ќе развие љубов кон културата. Ние сме горди на оригиналната изведба на „Волшебникот од Оз“ на сите кои настапуваа од училиштето за театар, „Од игра до претстава“.

Претставата го оживеа духот на Денот посветен на детето, славејќи го единството и љубовта што им е потребна на сите деца“истакна по настанот министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

 

Ѕвездената актерска екипа, заедно со тимот, приреди тетарско шоу за паметење, потсетувајќи нè сите нас на моќта и шармот на изведувачките уметности.

 

Министерството за култура со вакви настани ја потврдува својата посветеност за промовирање на уметноста и негување на креативните таленти во нашата земјаПотребни се уште повеќе културни соработки и настапи во иднина сè со цел да се потенцира потенцијалот на младите уметници,“ заклучи министерката.

 

Креативниот тим беше составен од преведувачката Мирјана Давчевска, шминкерката Марија Лападатовиќ и сценографите Горан и Александра Сачкарски. Продукцијата е под менторство на Игор Ивковиќ, Марина Поп Панкова, Миодраг Костиќ, Ирена Илиевска и Афродита Кирјаковска.

 

Во оваа извонредна изведба на „Волшебникот од Оз“ ја сочинуваат група на таленти, меѓу кои: Неда Тасевска, Максим Апостоловски, Теофил Сачкарски, Андреј Танушев, Калин Атанасовски, Теона Трошанска, Матеа Кожаровска, Неда Блажевска, Андреа Стојковска, Јосиф БлажевискиВедран МаричиќТеодора ТрајковекаАнастасија ГеговскаДарија СекуловскаЈана ПалескиЈана ГрупчеваМарко Миноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.