Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва се обрати на 15-то по ред издание на Фестивалот „Музика од светот“ што се одржува во Битола.
Преку овој фестивал и придружната програма, Битола покажува подготвеност на високо ниво да се вклучи во европските процеси на поддршка на младите локални автори, и да ги поврзи националната со независната сцена, посочи министерката Костадиновска Стојчевска.
-Интегрирани, отворени кон светот, го честитам овој јубилеј, и се гордеам што Битола гради култура на европски центар, отворен за светските имиња. Впрочем, каде ако не во земја, во држава чиј културен идентитетски столб е музиката. Во денешно време, музиката се шири веднаш штом ќе се појави на некоја од дигиталните платформи, и така таа станува заедничка, во истиот момент, за милиони луѓе од целиот свет, истакна министерката.
Според Костадиновска-Стојчевска мисијата на музиката е благородна и низ целиот 20-ти век таа врши огромно влијание за надминување на границите и конфликтите, отвора дијалог, предупредува и соопштува, а од друга страна, широкиот поглед на уметниците кои ги прекршуваат стиловите и стереотипите, му посочува на човештвото дека секогаш има нови решенија за ширење на хумани идеи.
Фестивалот „Музика од светот“ е поддржан од Министерството за култура
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.